Премиерот Христијан Мицкоски најави оти ќе предложи на следната седница на Економско-социјалниот совет, за која вели дека очекува да се одржи во најскоро време, синдикалната минимална кошничка да биде поделена во пет сегменти – потрошувачка кошничка за самец, за млад брачен пар, тричлено семејство, четиричлено семејство, како и кошничка за пензионери.
Во интервју за „Радио слободна Европа“, министерката за образование објасни дека станува збор за објекти кои се веќе празни и дека не можат да бидат пренаменети во градинки или нешто слично бидејќи нема деца во тие населени места Таа говори и за оптимизација, што во суштина ќе значи затворање на подрачните училишта во чија близина има централни Министерството за образование работи на оптимизација на училиштата во земјава, што ќе значи и затворање на дел од нив.
Се оптимизират училишта, нема потреба толку училишта да постојат, вели министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за Радио Слободна Европа.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовни асистенти, затоа што потребите во училиштата, се, како што вели, променливи.