Kanal5
Даниел Милер-Шот гостува како солист со сите значајни оркестри во САД, како филхармониските и симфониските оркестри во Њујорк, Бостон, Кливленд, Чикаго, Филаделфија, Сан Франциско и Лос Анџелес, со бројни оркестри во Европа меѓу кои Берлинската филхармонија, „Гевандхаус“ во Лајпциг, повеќето германски оркестри, водечките оркестри во Лондон, симфониските оркестри во Мелбурн и Сиднеј во Австралија, како и азиските оркестри во Токио, Тајван, Сингапур и Сеул.
Редовно соработува со истакнати диригенти како: Марк Албрехт, Карина Канелакис, Томас Даусгард, Кристоф Ешенбах, Иван Фишер, Алан Гилберт, Манфред Хонек, Нееме Јерви, Фабио Луизи, Кристијан Мачелару, Сузана Малки, Јун Меркл, Андрис Нелсонс, Џанандреа Нозеда, Андрес Орзоко-Естрада, Кирил Петренко, Васили Петренко, Јука Пека Сарасте, Далиа Стасевска, Кшиштов Урбански, Јаап ван Звејден и многу други. Kanal5