Селекторот на програмата, Слаѓан Пенев, рече дека главната програма ќе биде дополнително соопштена и ќе прикаже нови филмови наградени на последните најпрестижни светски фестивали – Кан, Берлин, Венеција, Локарно, Торонто… Во главната селекција се и два макеоднски филма – „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој претходно ќе има премиера на програмата „Хоризонти“ на филмскиот фестивал во Венеција, и филмот на Георги М. Унковски – „Диџеј Ахмет“, наградуван на голем број фестивали, за кој селекторот Пенев кажа дека очекува да биде еден од најсериозните кандидати за главната награда на ИФФК. Novamakedonija