Холандска вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет на кралскиот „Концертбау оркестар“ и Арно Питерс како солист на кларинет.
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва во рамки на Холандската вечер го нуди концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет.