По студиите со Карл-Хајнц Кемерлинг и со познатиот солист и педагог Ларс Вогт, започнува нејзината кариера и денес таа редовно гостува со водечките европски оркестри, меѓу кои: Камерниот оркестар на Париз, Симфонискиот оркестар во Дизелдорф, Германскиот симфониски оркестар, Оркестарот на Комичната опера во Берлин, Филхармонијата во Баден-Баден, оркестрите во Прага и Хелсинборг, Нордискиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар од Њукасл, Естонскиот национален оркестар, како и оркестрите во Нирнберг и Вајмар.