Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден.
Не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пинџурот и слично, верувам дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос е случајна или несреќна, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на работниот ручек со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во земјава, по повод завршувањето на полското претседавање со Советот на ЕУ. Свои обраќања имаа и полскиот амбасадор Мариуш Бримора и данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел, чијашто држава го презеде претседателството на 1 јули годинава.