Шокантно откритие на македонскиот победник во „Ѕвездите на Гранд“ Победникот на осумнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Македонецот Никола Станишиќ, и неговиот колега со кого ги одмерија силите во финалето, Даниел Савиќ од Старчево, неодамна дознаа дека се браќа.
Оваа вест ги шокираше пејачите на некој начин, но и ги направи среќни бидејќи навистина се спријателија и се засакаа за време на натпреварот, па оваа информација придонесе за нивно уште поблиско поврзување, пишува „Гранд онлајн“ Кога Никола објави фотографија на својот Инстаграм профил со Даниел и Елвис Мешиновиќ под која напиша дека тие се негови браќа, само што тој и Даниел се навистина во крвно сродство, многумина помислија дека е шега.