Во големата сала на Националната опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи омаж на филмот, уметноста и музиката – Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски.
Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ќе биде изведена музика од култни домашни и меѓународни филмови како: „Големата вода“ – добитник на награда за најдобра филмска музика во Валенсија, „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“– добитник на награда за најдобра филмска музика во Букурешт, „Трето полувреме“ и многу други.