Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на Анархит Тер-Татшатјан, синоќа беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Reporter
Во првите фестивалски години во програмскиот концепт преовладуваше непосредната врзаност на „Света Софија“ со вокалното музицирање, но се разбира со настојување пред сè да биде обезбеден уметничкиот квалитет од една страна, а од друга страна грижата и потребата за застапеност на дела инспирирани од светото дело на браќата Кирил и Методиј со што ќе се нагласи значењето на Охрид како лулка на словенската писменост.
Во неколкуте први години на себенаоѓање и профилирање на сопствената физиономија, „Охридско лето“ силно се утврди како еден од стожерите на македонската културна традиција. Republika
Со ангелскиот глас на првенката на Македонската опера и балет, сопранот Ана Дурловски која настапи во придружба на ерменско-германската пијанистка Анахит Тер-Татшатјан, вчеравечер пред многубројна публика во црквата „Света Софија“ беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Republika
Со својата колористичка перфекција и префинетост, сопранистката Ана Дурловски пееше инспиративно, со душа и срце, суверено владеејќи со подиумот во катедралната црква „Света Софија“.
„Охридско лето“ е симбол на нашиот културен идентитет, на нашата духовна енергија. Trn