Нејзината успешна кариера ѝ носи соработки со познатите светски диригенти и солисти како Сер Сајмон Ратл, Јонас Кауфман, Адам Фишер, Прити Јенде, Рејчел Вилис-Соренсен и др. Активна на концертната сцена, Дурловски настапува со Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар во Шангај, Оркестарот на Минхенското радио, Филхармонијата во Штутгарт и др. Анахит Тер-Татшатјан има кариера како солист пијанист, камерен музичар и репетитор во меѓународно признати оперски куќи, како и во камерни ансамбли повеќе од две децении. Vistina