Bitolanews
Моќни визуализации, неверојатни визуелни ефекти, ласерски шоуа, пиротехника и публика обединета од ритамот, Битола за прв пат во својата историја доби настан со “А“ класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.Синоќа на Градскиот стадион “Петар Милошевски” под Тумбе кафе во Битола харизматичниот Armin Van Buuren приреди спектакл на кој емоциите се среќаваа со енергијата на музиката, при што публиката доживеа емотивно патување со сите сетила.
Концерт во рамки на Бит фест кој траеше повеќе од 6 часа, претставуваше целовечерна програма со ДЏ сетови на која, покрај Armin Van Buren, настапија артистите Laura Van Dam, Cyrillic и Sempre.Кралот на електронската и транс музика, Armin Van Buuren кој има децениско искуство и длабока љубов кон жанрот, синоќа со својот моќен сет настап пред публиката во Битола, докажа дека е на врвот. Bitolanews