Бил член на Извршниот одбор, член на Факултетскиот совет, продекан за настава во периодот 1980/82, декан на Филолошкиот факултет во периодот 1989/91 г. Владимир Цветковски бил член на повеќе научни асоцијации и сојузи во земјата и странство, како што се: Друштвото на наставници по странски јазици, Југословенското здружение за применета лингвистика, Југословенско Шекспирово друштво – секција за Македонија, Југословенско-канадско друштво за литература и култура (претседател 1989/90), Асоцијацијата за австралиски студии и Друштвото за наука, Битола. Makfax