Американската суперѕвезда триумфираше пред Тејлор Свифт, Били Ајлиш и другите за да го однесе дома трофејот за најдобар албум, кој никогаш досега го нема освоено и покрај номинациите за нејзините албуми „I Am… Sasha Fierce“ (2008), „Beyonce” (2013.), „Lemonade” (2016.) и “Renaissance” (2022). Доделувањето на наградите се одржа во арената „Crypto.com“ во Лос Анџелес, иако многу јавни настани беа откажани поради разорните пожари, а дел од церемонијата беше посветен на трагедијата што го погоди еден од најголемите американски градови.