Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ е на добар пат да го реши најважното прашање, статусот за натпреварувачката 2025/2026.
Македонскиот репрезентативец (кога сака да игра), Ненад Димитријевиќ, е на чекор до враќање во руската кошаркарска лига, откако италијанскиот новинар Андреа Калчони објави дека е пред потпис на двегодишен договор со Зенит од Санкт Петербург вреден - три милиони евра Тој пред доаѓањето во Италија, настапуваше за рускиот УНИКС, со кој во 2023 година ја освои ВТБ лигата.