Согласно препораката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп, по извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ - Прилеп, како објект за масовни приредби, известуваат од прилепскиот театар.
Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот.