Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје.
Постојат докази дека обвинетиот Боре Видевски за време на критичниот период во кој се случуваат убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска бил на работа и тој исказ е даден во Обвинителството уште на 21 декември 2023 година, тврди бранителот на Видевски, Бојан Манев, по денешното рочиште на кое обвинетиот Боре Видевски одговараше на вкрстените прашања на неговата одбрана и Обвинителството.
Претходно Манев сведочеше дека грабнувањата биле планирани за да се обезбедат пари за партијата.
Денеска, продолжи сведочењето на Велибор Манев, кој уште еднаш објасни како било извршено убиството на Панче Жежовски, за што вели, дека ако знаел дека ќе биде извршено, тој немало да присуствува.