Се појави вознемирувачка снимка од безбедносни камери од хотел во Лос Анџелес, на која јасно се гледа како музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс брутално физички ја напаѓа својата тогашна девојка Кеси Вентура.
Снимката, која беше прикажана во целост пред поротата на судењето, ги прикажува морничавите моменти од насилството во 2016 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити, Во видеото, Комбс, облечен во крпа, бесно ја брка Кеси по ходникот, ја зграпчува за косата, ја соборува на подот и ја клоца злобно додека таа лежи неподвижна.