Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска, во рамките на конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“ порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани, без исклучок.
Денес од мојот роден град Велес – градот со богато културно наследство – се обратив на конференција посветена на улогата на библиотеките во создавање инклузивни и достапни културни простори, објави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.