На Петтата конференција на библиотекари, што се одржува во Велес во организација на Библиотекарското здружение на РМ, учествуваат библиотекари од земјава и од странство: Србија, Косово, Албанија, Хрватска, Индија и Босна.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во рамките на Конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“, порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани без исклучок. Press24