Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот со Израел.
По разговорите во Доха на кои присуствуваа шефовите на израелските разузнавачки служби, пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, претставник на администрацијата на Бајден и премиерот на Катар, беше изготвен документ и понуден на потпис на Израел и Хамас, објави белградска Политика.
Хамас и Израел постигнаа договор за запирање на непријателствата и ослободување на заложниците.
Три израелски официјални лица за Аксиос рекле дека на преговорите меѓу Израл и Хамас во Доха бил направен клучен исчекор за Тел Авив да прогласи прекин на огнот а Хамас да ги ослободи заложниците кои сè уште ги држи.