Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свецла денеска, на 15 јануари, потврди дека сите „паралелни институции поврзани со Србија“ во земјата се затворени.
„Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поље, Вучитрн, Нови Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скендерај, како и дивата пошта и даночна служба.
Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија.
„Со заедничка акција на МПБ и ПК, како и МИНТ и МАПЛ, се завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово, напиша Свечља на Фејсбук. Kanal5
Тогаш беа затворени привремените општински тела Пеќ, Исток, Клина, Скендерај, како и оние во општините на север: Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Затворени се и филијалите на Српската пошта во северно Косово, седиштето на Народната банка на Србија во Лепосавиќ, Поштенската штедилница, Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Дирекцијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управниот округ Косово-Митровица , и Центарот за социјална работа во Вучтри. 360stepeni
„Како што ветивме, нема да дозволиме никаква паралелна, а особено криминална активност на Србија што би го загрозила Уставот и правниот поредок во нашата земја“, додаде тој.
Во градовите и населените места каде што живее српската заедница на Косово, делуваа општини, компании, градинки, основни и средни училишта и јавни универзитети, кои беа директно финансирани од српската Влада, а кои според косовските закони беа третирани како незаконски. Novamakedonija
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља денеска потврди дека сите „паралелни институции поврзани со Србија“ во земјата се затворени, јави Анадолија. Denesen
Полициски дејствија се преземени во општините Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поље, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац и Скендерај, а Свецла оцени дека со ова „завршува ерата на српските паралелни и криминални општини и институции во на Косово”, објави Радио Слободна Европа.
Властите во Приштина велат дека работата на овие српски институции, кои функционираат од раните конфликти кои завршија во 1999 година, е „нелегална“ и почнаа да ги затвораат на почетокот на минатата година – прво во четири општини на северот со мнозинско српско население, а потоа во централниот дел на Косово. A1on
Косово почна да ги затвора српските институции уште во јануари 2024 година, прво затворајќи ги привремените општински тела во Драгаш, Сува река, Призрен и Раховец, сите лоцирани јужно од реката Ибар.
Тогаш беа затворени привремените општински тела Пеќ, Исток, Клина, Србица, како и оние во општините на север: Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Plusinfo
„Со оглед на фактот дека во овој случај не беа почитувани неопходните процедури јасно дефинирани со Законот за кривична постапка на Косово, државниот обвинител не беше во можност да издаде никакво овластување за конкретниот случај“, се вели во соопштението, пренесе Бета.
Се додава дека обвинителството е „посветено да ги гони кривичните дела и нивните сторители, секогаш врз основа на важечките закони и принципот на еднаквост и недискриминација на сите граѓани на Република Косово“. Biznisvesti
Косово во дијалогот со Србија ќе инсистира на реципроцитет и еднакви услови за двете страни, е ставот на владејачкото движење Самоопределување (ПС) пред парламентарните избори во Косово на 9 февруари, а може да се заклучи од досега кажаното од оваа партија на јавните настапи и во неколку клучни точки од програмата за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Секој договор мора да се заснова на еднаков третман и меѓусебно почитување, е дел од програмата на Самоопределување што ја води премиерот Аљбин Курти. Biznisvesti
Косовската полиција соопшти дека регионалните дирекции на Приштина, Гњилане, Ѓаковица и Јужна Митровица спроведуваат полициски акции, но не потврдија за какви операции станува збор.
Дополнителни информации ќе бидат објавени по завршувањето на полициската акција“, соопшти косовската полиција во одговорот за РСЕ. Plusinfo
Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). „Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат“, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата.
Еврокомесарката за проширување – Марта Кос денеска изрази уверување дека за време на овој мандат на Европската комисија (2024-2029) барем една земја од процесот на проширување ќе стигне до „финишот“.
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на претседателот Александар Вучиќ, било потврдено за Танјуг.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, во своето најново обраќање преку социјалната мрежа Инстаграм, предложи да се одржи референдум за негова смена.
Хрватска го доби старо-новиот претседател, но дури и самиот Милановиќ очигледно не очекуваше дека ќе освои три четвртини од гласовите и ќе ја оствари најголемата процентуална разлика во историјата на претседателските избори.
Победата во вториот круг од претседателските избори ја гледа како признание за неговата досегашна работа, но смета дека е и порака до власта, рече вчеравечер во неговото обраќање хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако според резултатите беше очигледно дека убедливо го победи кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, освојувајќи повеќе од 74 отсто од гласовите.
Светските и регионалните новински агенции во своите извештаи од вчерашните претседателски избори во Хрватска оценија дека победата на актуелниот претседател Зоран Милановиќ претставува историски триумф, пренесе Хина.
Основните и средните училишта во повеќе општини во северниот дел на Грција денеска ќе бидат затворени поради снежната бура што од вчера ја зафати земјата, а на одредени патни правци постои забрана за сообраќај на тешки возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Холандија 12 лица се заразиле со хепатитис А откако вирусот дошол во контакт со боровинки.