Светската здравствена организација (СЗО) денеска истакна дека обезбедува клучни услуги кои ги заштитуваат САД од здравствени закани, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече земјата од оваа агенција на Обединетите наци СЗО ги заштитува САД преку софистициран здравствен разузнавачки систем кој работи на откривање, карактеризирање и проценка на заканите во реално време, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, пред новинарите во Женева..
САД ќе се повлечат од Светската здравствена организација (СЗО) на 22 јануари 2026 година, соопштија Обединетите нации откако беа официјално известени за одлуката од претседателот Доналд Трамп.