ФИЛМСКИ СВЕТИЛНИЦИ ВО ЈУЛСКАТА НОЌ Кинотека на Македонија следниот месец нѐ враќа на култните класици – еве што ќе се прикажува Со внимателно куриран репертоар, што ги обединува безвременските холивудски класици и актуелни авторски остварувања, Кинотеката на Македонија уште еднаш ја потврдува својата улога како културна институција што го негува филмското наследство и ја отвора вратата кон новите кинематографски визии.
Од „Кинотека“ најавија „исклучително богата и естетски разновидна филмска програма“ во месецот што следува – јули.