1 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-Apr 08:49 -> 08-Apr 09:21
.
.

Кривична пријава и притвор за 3 лица од Струмица поради грабнување на жена

  • Драма во Македонија - Киднапирана жена

Штипската полицијата до Јавното обвинителство во Кочани поднесе кривична пријава против 3 лица, Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., сите од Струмица поради сторено кривично дело грабнување.

СВР Штип до ОЈО Кочани поднел кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување" од чл.144 ст.1 од КЗ. МВР денеска соопшти дека на 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото.

7 (36) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 07:00 -> 07-Apr 19:54
.
.
.
.

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одземале и мојот живот

  • Туфегџиќ: Обвинението е неосновано, исказот го покажа тоа

  • Александар, таткото на Вања, тврди дека нема апсолутно никаква инволвираност во случајот

  • Таткото на Вања: Во полицијата нѐ убедуваа дека се регрутирала за ИСИС и избегала во Шведска

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Бранител на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните.

Продолжи судскиот процес за убиството на Вања и Панче.

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, кој е еден од осомничените за случајот, денеска првпат сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје.

8 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Apr 11:04 -> 08-Apr 09:02
.
.
.
.

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

  • Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“

  • Таравари за обединувањето на Влен: Не сме добиле покана, но ми се допаѓа идејата – ќе им го дадеме и името!

  • Меџити: Се водат разговори сите политички субјекти во коалицијата да се втопат во „Влен“, само Таравари „гледа можност за соработка со ДУИ“

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок „Влен“ вели дека не добиле понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска истакна дека не добиле понуда од коалицијата Влен за обединување во една партија.

Се водат разговори во рамки на Коалицијата „Влен“ за сите политички субјекти во рамки на Коалицијата да се претворат и втопат во Влен како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по состанокот на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција.

9 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Apr 08:15 -> 07-Apr 20:51
.
.
.
.

Филипче за МИА: Стојам на располагање да ги направиме уставните измени и да ги почнеме преговорите

  • Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

  • Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ

  • Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Брисел, каде денеска учествуваше на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД). – Колку повеќе време одминува и колку околните земји напредуваат, толку потешко ќе биде ние да фатиме чекор со нив во следниот период.

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.

Со поддршка од 18 000 членови на СДСМ, Филипче доби 4-годишен мандат за лидер на партијата.

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.

10 (27) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 13:20 -> 08-Apr 08:52
.
.
.
.

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

  • Двегодишна казна за Менсур Пајазити, кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска

  • Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска.

Судот во Тетово денеска донесе одлука по рочиштето за случајот каде 22 годишната девојка Теодора Ристевска беше прегазена во Тетово.

Судот во Тетово го осуди две години казна затвор обвинетиот Менсур Пајазити кој ја прегази 22 годишната Теодора Ристев На денешното рочите се појави и Пајазити, а откако му беше прочитано обвинението, истиот ја призна вината.

13 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Apr 12:34 -> 07-Apr 15:28
.
.
.
.

МИЦКОСКИ ЗА ЦАРИНИТЕ ОД САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката, очигледно е грешка или погрешна информација

  • Мицкоски: Очекувам убави вести во врска со царините на Трамп

  • Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно

  • Мицкоски: Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација, многу скоро очекувам убава вест за македонската економија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто што САД ја воведе за увоз на македонските производи.

функционира обединето и единствено.

Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

85 (5) ■ сцена > здравје ■ 07-Apr 07:32 -> 07-Apr 09:18
.
.
.
.

СЗО: На секои две минути во 2023-та умирала по една жена или вкупно 260.000 жени во светот од компликации од бременост или породување

  • СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.