„Три Марии” е внимателно осмислен омаж на Славко Јаневски, којшто не е класична посвета, ниту римејк на конкретно дело.
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, добитник на Рациновото признание за 2025 година Романот-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ (Арс Либрис, дел од Арс Ламина – публикации), кој излезе од печат во март оваа година и чијашто промоција го отвори второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, е годинашниот добитник на наградата Рациново признание, што ја доделува општината Велес во рамките на манифестацијата Рацинови средби.