Бијонсе доживеа застрашувачка техничка непријатност за време на нејзиниот прв од двата концерти од турнејата „Каубојката Картер“, во Хјустон, Тексас, САД.
Но, се справи со незгодата „како професионалка“, објави „Пипл“ (People). Во сабота, ар-ен-би пејачката ја изведуваше својата песна „16 Carriages“ во автомобил што висеше над публиката на стадионот во Хјустон, но големиот реквизит почна да се навалува во воздухот… Застрашувачкиот миг е споделуван и како видеоснимки на „Тикток“, „Фејсбук“ итн., каде што се гледа како Бијонсе седи на врвот на црвениот, врзана со сигурносен појас и се држи за еден од каблите прикачени на автомобилот што се навалува. Vistina