ФОТО: Принтскрин Инстаграм Славната актерка одлучила да се повлече од Холивуд и да му се посвети на производството на вино и семејниот живот Една од омилените холивудски актерки, Камерон Дијаз, пред повеќе од 10 години одлучила да побегне од Холивуд, а сега, гостувајќи во еден подкаст признала како живее денес.
Некогаш една од омилените холивудски актерки, препознатлива по својата убавина, актерски талент и харизма, Камерон Дијаз направи голема пауза во кариерата и се повлече од Холивуд пред 10 години.Актерката, која се прослави со бројни улоги во познати комедии, одеднаш одлучи дека ѝ е доста од животот под рефлектори и експлоатацијата на која се изложени жените, па се посвети на производството на вино и семејниот живот со својот сопруг Беџи Маден, со кого има две ќерки.