Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања го опиша стратешкиот договор со Обединетото Кралство како историски момент како за државата, но и за регионот, затоа што силно присуство на еден од водечките политички чинители во светот тука во регионот значи многу и за граѓаните, и за државата, но и за иднината на регионот, при што објаснувајќи го подели во два дела, политички и економски, иако се обединуваат.
Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.
Printscreen / Youtube / Vlada Во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.