Американската пејачка Мајли Сајрус неодамна отворено проговори за својот став за родителството, а нејзината изјава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, особено кај оние кои не го делат истото мислење.Имено, во интервју за подкастот „The Interview“ објавено од „Њујорк тајмс“, Мајли искрено ги сподели своите мисли за својот приватен живот, притисоците на општеството и нејзината одлука да не се гледа себеси како мајка, барем засега.
Мајли Сајрус (32) отворено зборуваше за своите планови кога станува збор за децата, а нејзината изјава предизвика голем одѕив кај обожавателите.