Почина Валери Махафи, популарната ѕвезда од “Очајни домаќинки” Познатата актерка Валери Махафи, која го освои срцето на обожавателите со улогите во сериите „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“, почина на 71-годишна возраст, потврди нејзиниот ПР. Валери, носителка на престижната награда Еми, беше дијагностицирана со рак и животот го изгуби во петокот во Лос Анџелес.
Сопругот на Валери, Џозеф Кел, изјави за „Варајати“: „Ја изгубив љубовта на мојот живот, а Америка ја изгуби едната од своите најомилени актерки.