Според експертите, несигурноста е природен дел од секојдневниот живот и влијае на тоа како се однесувате кон другите.Истражувањата покажаа дека многу луѓе ги споделуваат своите несигурности со блиски луѓе, најчесто со надеж дека ќе добијат потврда, разбирање со цел да ја подобрат врската.Истражувањето спроведено од психолозите д-р Едвард Лемеј и др. Маргарет Кларк покажува дека постојаното откривање на вашите несигурности пред вашиот партнер може да ја оштети вашата врска, пишува YourTango.Како што истакнуваат експертите, постојаното изразување на лични несигурности може да доведе до нов бран на вознемиреност – лицето кое го прави тоа почнува да се грижи дека неговиот партнер го доживува како несигурен. Puls24