Актерките Снежана Коневски-Руси и Соња Михајлова, како и актерот Гоце Тодоровски се добитниците на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
6 јуни, Прилеп: Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59-тото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Емотивно и со многу восхит и почит, долги аплаузи им подари прилепската публика синоќа на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.