Преговорите помеѓу Иран и САД во врска со нуклеарната програма на Техеран се наоѓаат во „клучна“ фаза, изјави директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадија иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.