Како да не сме доволно свесни дека мал оган ни треба да согориме, да се самозапалиме (како нација, не дај боже). Попусти се сите обиди, сите иницијативи да се раздвижиме, да тргнеме посилно напред, кога ние самите се однесуваме како мазохисти и како садисти и како саботери и како пиромани и како автотерористи… За поголемите земји и поголемите нации можеби ваквите поведенија не се некоја посебна опасност, но за нас навистина се крајно сериозни.
Американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид.