Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски разговор со американскиот колега, Доналд Трамп го оцени како „позитивен, многу суштински и искрен“.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија лансирала повеќе од 40 дронови доцна синоќа за да ја нападне цивилната инфраструктура, што, според него, покажува дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин заради мирот.
Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објкави американскиот претседател на неговата социјална мрежа Вистина, пренесе Би-Би-Си. Во објавата на „Вистина“, Трамп го опиша повикот како „многу добар“ и дека траел околу еден час.