Навистина голем пресврт, зарем не? Џонсон изјави за „Холивуд репортер“ дека оваа трансформација долго време била една од неговите желби додека чекал можност за посериозен и посложен лик: „Имав голема среќа што ја имав кариерата што ја имав низ годините и што ги снимав филмовите што ги снимав, но имаше само глас во мене, мал глас што рече: Што ако би можел да направам повеќе – и сакам да направам повеќе – и како би изгледало тоа?“ Двејн Џонсон и Емили Блант на Филмскиот фестивал во Венеција / Фото: Mark Cape / Zuma Press / Profimedia И се чини дека „Карпата“ успеа во својата идеја бидејќи длабочината и автентичноста на неговиот лик ги допреа и публиката и критичарите во Венеција, каде што филмот доби 15-минутни овации, поради што тој дури и се расплака.