1 (94) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 16:31
.
.
.
.

Палевски негира вина и тврди дека ЈО извршува политички наредби и злоупотребува докази

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Мајката на Вања бара исклучување на јавноста од цела судска расправа

  • Палчо: Се откажувам од сведочење на мајката, за да не ја вознемируваме

Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, пренесе . Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска барањето го поднесе до судот.

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи.

3 (130) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Sep 10:10 -> 20-Sep 15:20
.
.
.
.

Мишел: Македонија има реална можност да се приклучи на европското семејство

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

Со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, Република Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на нашето семејство, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во објава на Икс посветена на неговата вчерашна средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

6 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 13:19 -> 20-Sep 16:45
.
.
.
.

▷ Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

  • Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

7 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Sep 12:36 -> 20-Sep 15:31
.
.
.
.

Тошковски ја посети Комората за приватно обезбедување

  • (ВИДЕО) СДСМ: Дали телохранителот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите!?

  • СДСМ: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Комората за приватно обезбедување, каде истакна дека МВР, како надлежен регулатор на овој аспект во работењето, има за цел континуирано да биде во тек со сите потреби, активности и трендови во приватното обезбедување.

„Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец.

Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР.

11 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Sep 12:51 -> 20-Sep 13:50
.
.
.
.

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер

  • РАКЧИЊА, ТЕЛЕШКИ МУСКУЛ, ЧАДЕН ЛОСОС… Љупчо Николовски потрошил 976.199 денари во кафеани како министер за земјоделие, обвини Петрушевски

  • ВМРО-ДПМНЕ: Николовски додека бил министер за земјоделство потрошил скоро милион денари во кафани

Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе.

Денеска и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДСМ без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе, изјави Бране Петрупешевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Љупчо Дон Николовски освен што неосновано делел субвенции, поточно се расфрлал со народни пари и ги давал на фирми блиски до СДС, пари трошел и за лични потреби, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе од
оваа категорија

113 (8) ■ спорт > кошарка ■ 19-Sep 15:48 -> 20-Sep 08:24
.
.
.
.

Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

  • Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

19 (11) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 12:13 -> 20-Sep 13:00
.
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ВО ЈУЛИ ИЗНЕСУВА 40.961 ДЕНАР Повисока е од ланскиот јули за 12,9%, но е пониска од јунската

  • Просечната нето плата во јули 40.961 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 12,9% повисока од истиот месец лани но е пониска за 2,3 % во однос на јунската плата годинава, соопшти Реалниот пораст на нето-платата јули 2024 – јули 2023 година изнесува 9,6% Зголемувањето на просечната нето-платата во однос на ланскиот јули се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: oбразование (19,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,7 %). Податоците на статистика покажуваат дека нето-платата во јули во однос на јуни годинава се намалила за 978 денари или за 2,3%. Намалувањето главно е поради намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9 %), административни и помошни услужни дејности (5,6 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61,569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 %.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

57 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

76 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 20-Sep 11:15 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

„10 ГОДИНИ БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС“ Азески ќе говори на Бизнис-форумот во Германија

  • ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес – Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ”, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес - Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ“, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.