Рудолф Џулијани / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Њу Хемпшир Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, беше хоспитализиран во недела вечерта по сообраќајна несреќа во близина на Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, изјави неговиот портпарол Мајкл Рагуса. Во објава на ИКС Network, Рагуса се наведува дека 81 годишниот Џулијани, претрпел фрактура на пршлен и неколку посекотини откако друго возило со голема брзина го удрил неговиот изнајмен автомобил.