Откако загуби во полуфиналето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, нагласи дека му е сè потешко да најде решение за Карлос Алкараз и Јаник Синер, но дека нема да се откаже и сака да продолжи да се бори. Во првите два сета, нивото на тенисот на Новак Ѓоковиќ беше импресивно, а потоа во третиот сет, возраста и повредите си го земаа данокот и беше јасно дека Карлос Алкараз ќе обезбеди пласман во финалето.