Соединетите Американски Држави ја предупредиле Русија на вонредниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе чекори кон мир и да се сретне со украински претставници или да се соочи со можни санкции, објави денес „Гардијан“. На вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, кој беше свикан вчера по ракетните напади врз Киев во текот на ноќта во четврток, 28 август, во кои загинаа најмалку 23 лица, американскиот дипломат Џон Кели рече дека нападите „фрлаат сомнеж врз сериозноста на желбата на Русија за мир“ и побара „нападите врз цивилните области мора веднаш да престанат“.