Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека Европската Унија продолжува да го обликува глобалниот поредок, и покрај тоа што нема унифициран став за сите клучни прашања како што е конфликтот на Блискиот Исток. Зборувајќи на Стратешкиот форум во Блед, Калас нагласи дека земјите-членки на ЕУ продолжуваат да покажуваат решителност во поддршката на Украина и дека ЕУ го подготвува својот 19-ти пакет санкции против Русија, пренесува СТА.