Предложениот закон за Кочани од страна на СДСМ е гол популизам и политичко глодарство, рече во вечерашното гостување на Телма пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна дека предложениот закон за Кочани од страна на СДСМ е гол популизам и политичко глодарство бидејќи Владата најпрвин преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт, а потоа со одлука на Влада се доделија еднократни парични средства за семејствата на починатите.