Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска Река, во близина на штипското село Лакавица, излета комбе во кое се превезуваа работници. Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник бил реанимиран, но им подлегнал на повредите.