Новата рунда дијалог за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија во Брисел заврши без напредок, при што Косово инсистираше на целосно спроведување на Патоказот за нормализација, додека Србија бара прво да се спроведе делот поврзан со Заедницата на општини со српско мнозинство, пишува РСЕ. Главниот преговарач на Косово, Бесник Бисљими по состанокот со главниот преговарач на Србија, Петар Петковиќ и европскиот претставник, Петер Соренсен, изјави дека инсистира прашањето поврзано со комисиите за исчезнати лица да се решава одделно.