Тој за време на заедничкиот брифинг со францускиот претседател Емануел Макрон рече дека досега не се видени сигнали од Русија дека сака да ја заврши војната, објави Укринформ.
„Подготвени сме како Европејци да им понудиме безбедносни гаранции на Украина и на украинскиот народ на денот кога ќе се потпише мировниот договор“, рече Макрон, Тој рече дека подготвителната работа за безбедносните гаранции за Украина е завршена.
Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Елисејската палата во Париз пред состанокот на лидерите на коалицијата на добронамерните.