Самсунг го унапредил својот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција „Bixby“, така што оваа алатка, во зависност од гласот на корисникот, може да ја прикаже неговата листа на обврски или омилени слики на вратата од уредот, како и автоматски да го активира приспособениот режим на команди, пренесе порталот Верџ.„Bixby“ може да извршува разни задачи како што се поставување потсетници, испраќање пораки и контролирање на уреди, а е способен да учи и да се приспособува на желбите на корисникот.