1 (4) ■ спорт ■ 24-May 14:41 -> 24-May 17:45
.
.

Квартараро не запира, пол-позиција и нов рекорд во Силверстоун!

  • Квартараро до хет-трик пол-позиции, но браќата Маркез доминираа на спринтот на „Силверстон“

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, ја освои својата трета пол-позиција во низа, овој пат на патеката Силверстоун во Велика Британија, каде воедно постави и нов рекорд (1:57:233 минути). Французинот извозе најдобро кога беше најпотребно, исто како на претходните две квалификациски трки во Херез и Ле Ман.

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети.

3 (86) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:36 -> 24-May 17:10
.
.
.
.

Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

  • Филипче од Желино: Дали се однапред договорени фирмите блиски до власта кои ќе работат на проектите од заемот?

  • (Видео) Филипче: Со новото задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали бизнис тандемот Филипче- Заев имале акции во индиска авиокомпанија?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ тргна по еден пат кој што не знаеме каде не води, со економски политики кои, како што предупредуваат експертите, не водат во амбис, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот состанок со општинската организација во Желино.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДС и Филипче не ги интересира народот, туку провизиите од висококатниците во Дубаи и сопствените лукративни интереси, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

6 (22) ■ вести > македонија ■ 22-May 11:28 -> 24-May 17:08
.
.
.
.

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок - писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

  • Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

  • Кирил и Методиј - македонски и сесловенски светители и просветители

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека нивната благородна мисија и ден денес обединува.

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

11 (64) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:45 -> 24-May 16:45
.
.
.
.

Каја Калас: Македонија припаѓа во Европската унија

  • Калас: Преземете ги чекорите за отворање на пристапните преговори, ЕУ е тука да ја поддржи вашата земја

  • „Се надеваме дека планот А ќе функционира“, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

  • Каја Калас утре во посета на Македонија

Printscreen / Youtube / Vlada – Европската унија останува со Македонија на вашиот пат кон станување членка на унијата.

Европската Унија останува посветена на поддршката на Северна Македонија на нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по средбата на Илинденска бр. 2. „Штотуку имавме продуктивна средба на која разговаравме за повеќе важни теми.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас вели дека во случајот со Северна Македонија се’ уште се надеваат дека планот „А“ ќе функционира.

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, и ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија.

13 (7) ■ вести > македонија ■ 24-May 13:04 -> 24-May 17:15
.
.
.
.

Променет режим на сообраќај во недела поради атлетска улична трка во Аеродром

  • Поради одржување на атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека утре во периодот од 07:30 до 10:30 часот, во Скопје ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булеварот „Јане Сандански“, што ќе предизвика привремена измена на режимот на сообраќај.

На 25.05.2025 (недела) во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански” при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански” (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија” и бул.„Видео Смилевски Бато” до крстосница со ул.„Владимир Комаров”, на дел од ул.„Васко Карангелевски” (во двете насоки на движење) на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански” до крстосница со бул.„АСНОМ” и на дел од бул.„АСНОМ” (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров” и бул.„Србија” до крстосница со ул.„Васко Каранѓелевски” во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

5 (75) ■ спорт > фудбал ■ 22-May 06:40 -> 24-May 17:30
.
.
.
.

МекАлистер се сели во Реал, Ливерпул го ослободува откако се договори за Вирц! ?

  • Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид

  • Реал и Анчелоти го потврдија крајот на соработката

  • Анчелоти заминува од Реал Мадрид

Реал Мадрид се чини ја најде замената за Лука Модриќ за новата сезона, во името на Алексис МекАлистер од Ливерпул.

Реал Мадрид и официјално потврди дека Лука Модриќ по цели 13 години минати во клубот си заминува.

Реал Мадрид и тренерот на тимот, Карло Анчелоти, го официјализираа крајот на повеќе од плодната четиригодишна соработка.

Мадрид – Реал Мадрид официјално објави дека се разделува од тренерот Карло Анчелоти по завршувањето на тековната сезона 2024/25. Ова се случи долго време откако Бразил објави дека италијанскиот стручњак ќе стане селектор на репрезентацијата на земјата од крајот на мај.

36 (32) ■ спорт ■ 23-May 10:14 -> 24-May 16:15
.
.
.
.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

  • Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

  • Минов: Да навиваме фер и со срце - Напред Алкалоид!

  • Иван Галевски: „Летово нема да одам на одмор во Грција!“

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Извор/ rkalkaloid.mk Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп.

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседател на РК „Алкалоид“.

Алкалоид во недела има шанса да освои европски трофеј, доколку успее да ги сочува четирите гола предност од првиот меч против АЕК во Атина, нешто во што воопшто и не се сомневаме.

Повеќе од
оваа категорија

161 (5) ■ бизнис > македонија ■ 23-May 11:22 -> 23-May 14:39
.
.
.
.

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби

  • Божиновска: Владата за зелена иднина

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

344 (3) ■ бизнис > економија ■ 22-May 05:42 -> 22-May 19:45
.

Германски бизнисмени во Стопанската комора: Во време на несигурност, стопанската соработка е исклучително важна

  • Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора

Делегација на германската Бизнис асоцијација предводена од членот на Управниот одбор на Асоцијацијата Кристоф Бек, денеска, беше во посета на Стопанската комора на Северна Македонија каде остварија средба со претседателот на Комората Бранко Азески и тим од македонски бизнисмени.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со тим од македонски бизнисмени денеска ќе биде домаќин на водечката германска Бизнис асоцијација фокусирана на економските односи помеѓу Германија и земјите од Источна Европа, Кавказ и Средна Азија, со 20 бизнисмени од секторите банкарство, енергетика, телекомуникации, транспорт.

298 (5) ■ сцена > култура ■ 22-May 07:52 -> 22-May 11:56
.
.
.
.

Заврши второто издание на Деновите на поезијата - Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

  • Сотирис Минас во Скопје: Македонската поезија заслужува да се слушне зашто ја носи душата на еден народ

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија синоќа во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.