Време зa читање: 6 минутиВршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, планира да ја забрза изградбата на нуклеарен реактор што би можел да се користи на Месечината и да го промени начинот на кој НАСА ќе соработува со индустријата за да ја замени застарената Меѓународна вселенска станица.
Фото: Пиксабеј Американската вселенска агенција НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на површината на Месечината, објави Политико, повикувајќи се на внатрешни документи на агенцијата, објави ДПА.
Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, оваа недела ќе ги објави плановите за изградба на нуклеарен реактор на Месечината, што е првата голема одлука на поранешниот водител на Fox News откако стана привремен администратор на НАСА.