Време зa читање: 6 минутиВршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, планира да ја забрза изградбата на нуклеарен реактор што би можел да се користи на Месечината и да го промени начинот на кој НАСА ќе соработува со индустријата за да ја замени застарената Меѓународна вселенска станица.
Американската вселенска агенција НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на површината на Месечината, објави Политико, повикувајќи се на внатрешни документи на агенцијата, објави ДПА.
Американскиот министер за транспорт Шон Дафи оваа недела ќе ги објави плановите за изградба на нуклеарен реактор на Месечината, што е првата голема одлука на поранешниот водител на „Фокс њуз“ откако беше привремен администратор на НАСА.НАСА претходно размислуваше за изградба на реактор на површината на Месечината, но овој потег би поставил попрецизен временски рок.„Станува збор за победа во уште една вселенска трка“, изјави висок функционер на НАСА за Политико.