Директорка на основно училиште во Виница доби кривична пријава поради постоење сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, информираат од Министерство за внатрешни работи (МВР). Таа, како што информира полицијата, ја вработила ќерка си во истото училиште како наставничка по математика, иако немала завршено соодветно образование.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.